Давид Атанаскоски, нашиот интернационалец во Казахстан, станува еден од клучните играчи на Шахтјор Караганди. Тој попладнево против ФЦСБ од Романија, во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига не само што беше стартер, туку успеа и да погоди во пенал – серијата за својот тим.
Македонецот го изведуваше четвртиот пенал за својот тим, и тој беше прецизен како сите останати негови клупски колеги. За разлика од нив, тимот од Романија не успеа да погоди еден па така составот на Атанасковски успеа да се пласира во третото квалификациско коло во Конференциската лига.
“Притисокот беше огромен, но јас бев смирен кога го изведував пеналот. Среќен сум што погодив. Романците имаа позитива, ние ја анулиравме, следуваше еуфорија по нашиот пласман во следната рунда“ изјави за Спортмедиа, Давид Атанасковски.