Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ се најде на чекор од најголемиот успех во кариерата. Со победата над Рибакина со 2:1 во сетови се пласираше во финалето на женскиот тениски турнир на Олимписките игри во Токио.
Досега најголемиот успех на Бенчиќ беше полуфинале на УС Опен, а ова дефинитивно е најголемиот нејзин успех кој може да биде поместен за уште едно скалило ако го освои и златниот медал. Во случај на пораз ќе биде сребрена на ОИ.
Нејзина противничка во финалето ќе биде подобрата од дуелот Елина Свитолина од Украина и Маркета Вондрусова од Чешка. Тој меч почнува во 12:40 часот.
Интересно, Швајцарија четврти пат по ред ќе има освојувач на медал во тенис на Олимпијадите. Во Пекинг 2008 Федерер и Вавринка донесоа злато во парови, во Лондон 2012 Федерер освои сребро во сингл, а во Рио 2016 сребро освоија Хингис и Башински во парови.
This is Olympic spirit 🇨🇭 ❤️ 🤩 @BelindaBencic #Olympics • #Tennis • #Tokyo2020 pic.twitter.com/pmMpb5kns5
— #AusOpen (@AustralianOpen) July 29, 2021