Секако дека вест на денот за фановите на Јувентус е враќањето на капитенот Џорџо Киелини. Имено како што јавуваат медиумите во Италија, тој и раководството на Јувентус, се договориле да потпишат нов едногодишен договор. Со тоа отпаднаа сите шпекулации дека Киелини, на кого му беше истечен договорот, откако со Италија става европски првак на ЕУРО 2020, ќе се пресели во некој друг клуб.
Имено факт е дека Јуве се двоумеше за нов договор ако се знае колку години има популарниот Џорџо.
„Во понеделник простигнувам во Торино. Сакам да освојувам нови трофеи“ кус беше Џорџо Киелини со што потврди дека и следната сезона ќе го носи црно – белиот дрес.