Драгиќ и Дончиќ ги предводеа Словенците до четвртфинале на ОИ

596

Лука Дончиќ и Зоран Драгиќ ја предводеа Словенија до сигурна победа над Јапонија во групната фаза на Олимписките игри во Токио со која обезбедија настап во четвртфиналето на турнирот. Тоа беше втора победа за словенечкиот олимписки тим, а ја победија Јапонија со убедливи 116:81.

Дончиќ реализираше 25 поени и 7 асистенции, додека Драгиќ придодаде 24 поени. Влатко Цанчар заврши со 16 поени, а Препелиќ со 12.

Кај Јапонците Руи Нашимура не можеше се сам. Реализираше неверојатни 34 поени меѓутоа неговите соиграчи немаа сила за да го следат. Јапонија со два порази е последна во групата Ц.

Четвртфиналните парови ќе бидат познати во недела кога ќе се одигра и последниот меч од групите. Во следната фаза одат трите победници на групите и трите второпласирани како и двете најдобри третопласирани.

 

ПретходноСурово: Ковид-19 го спречи Италијанецот Росети да освои олимписки медал
Следно18 атлетичари добија забрани за настап на ОИ, дури 10 се од Нигерија