Дарко Костовски, тренерот на Дејан Георгиевски се обрати на пречекот на плоштадот. Тој истакна дека верувале цело време во медал, и до него дошле, но вети злато на следната олимпијада во Париз.
„Ветивме златен медал, но ете, дојдовме до сребро. Еве, ветувам златен медал на следните игри. Верувајте во тоа“, рече Костовски.
„Верувавме и го остваривме тоа. Спроти мене е Александар Македонски, Гоце Делчев, а до мене Дејан Георгиевски“, истакна Костовски.