Кунде се согласи со Челзи за личните услови

226

Европскиот  шампион Челзи продолжува да работи на трансфер на еден од најперспективните млади стопери во европскиот фудбал во моментов – Французинот Џулс Кунде од Севиља. Според италијанскиот новинар Николо Скира, „сините“ од Лондон веќе се договориле со 22-годишниот Кунде за личните услови на фудбалерот. Неговиот договор со Челси ќе биде до 2026 година, а платата 4 милиони евра по сезона плус бонуси. Според Скира, самиот Кунде има голема желба да замине во Челзи а преговорите меѓу двата клуба се во напредна фаза.

 

ПретходноОна е хит: Го поправи кајакот со кондом и освои бронза!
СледноАтанасковски стрелец во пенал серијата за Шахјтор Караганди за пласман понатаму!