Лавот Дејан го донесе среброто во Скопје!

359

Емоции, фанови, достоен пречек на скопскиот аеродром на Дејан Георгиевски. На Лавот Дејан кој го донесе во Скопје, во Македонија, среброто од Токио. Голема радост кај него, кај целета спортска јавност.

Па, не секој ден Македонија освојува медал на Олимписките игри.

За целата оваа спортска еуфорија во Македонија, секако дека Дејан е “виновникот“, тој е нашиот нов спортски херој.

Благодарам за пречекот. Среќен сум што ја израдував Македонија. Благодарам на сите за поддршката од сите страни. Ветувам дека ќе продолжам со напорна работа“ беа првите зборови на Георгиевски по следувањето во Скопје.

ПретходноГрад Скопје ќе го награди Дејан Георгиевски со 300 илјади денари
СледноШпанија ја победи Аргентина и се пласира во четвртфиналето!