Рига вечерва ја очекува тежок дуел со нашиот првак, тимот на Шкендија во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Со оглед на тоа дека во Скопје е премногу топло, временски услови на кои Летонците не се навикнати, тие утринава прошетаа низ Градскиот парк во близина на Арената со цел колку толку да се аклиматизираат на скопскиот пекол.
Летонците се расположени, влегуваат со 2:0 во реваншот, да се надеваме дека по мечот некаде ќе бидат тажни.
ФОТО: fcriga facebook