Новак во полуфинале и во мешани двојки!

316

Новак Ѓоковиќ има големи шанси на ОИ во Токио да се закити со две медали. Од како утринава успеа да го победи Нишикори и да се пласира во полуфиналето, каде ќе го чека Александар Зверев во сингл, Србинот попладнево успеа истото да го оствари и во мешани двојки.

Новак заедно со својата сонародничка Нина Стојановичќ со 2:0 во сетови триумфираа над Кевин Кравиц и Лаура Зигмонд од Германија. Во гемови беше 6:1 и 6:2 за конечни 2:0 во сетови.

Сосема доволно за пласман на мешаната српска двојка во полуфиналето. Во битката за финалето, Ѓоковиќ и Стојановиќ за ривали ќе ја имаат руската мешана двојка, Карацев и Веснина.

ПретходноТренерот на нашиот херој: Дејан е современиот Александар Македонски!
СледноШкупи вечерва ќе гостува кај силна Санта Клара, амбициите се да се даде максимумот!