Џесика Фокс од Австралија не ја фати паника непосредно пред стартот на финалето во кајак едносед. Нејзиниот кајак и беше оштетен, а Џесика успеа да го поправи и тоа со кондом. Барем нив на ОИ во Токио ги има и повеќе него што треба. Некаде околу 160.000. Откако и успеа потфатот, таа на крајот на трката заврши како трета, ја освои бронзата.
„Се обложувам дека не сте знаеле дека кондомите може да се користат и за поправање на кајакот. Тој е многу издржлив и растеглив. Идеално лизга по водата“ објасни Австралијката.