Историја за Сан Марино. Малата европска држава за првпат во својата историја има освојувач на олимписки медал. Со 34.000 жители, Сан Марино е најмалата држава што може да се пофали со медал на Олимписките игри.
Александра Перили го освои бронзениот медал во стрелаштво (категорија трап).
Во финалето Перили освои 29 поени што беше доволно за историски медал за Сан Марино, а среброто замина кај Кајл Браунинг од САД со 42 освоени поени, додека златото е на градите на словачката стрелачка Зузана Рехак-Штефечекова со 43 поени.
Ова е неверојатен подвиг за Перили. На претходната Олимпијада во Рио не успеа да ги помине квалификациите, сега избори медал.
Инаку Перили е светска шампионка во стрелаштво од 2015 година и има сребро од СП 2016, како и злато од Медитеранските игри од 2018 во Тарагона.
Alessandra Perilli🇸🇲 has won #bronze in #Shooting – Women’s Trap final at #Tokyo2020
This is the first #Olympics medal in history for San Marino!
With a population of around 34,000, #SMR is also the smallest country in history to win an @Olympics medal! #UnitedByEmotion pic.twitter.com/Sk56uSSyLB
— #Tokyo2020 (@Tokyo2020) July 29, 2021