Плоштадот беше „обоен“ во црвено и жолто… за Дејан! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

2068

Знае нашиот народ да ги почитува и цени успесите, посебно кога се направени на врвните манифестации. Па така доцна попладнето и вечерва, скопскиот плоштад беше “обоен“ во црвено и жолто и тоа во чест на Дејан Георгиевски.

Нашиот нов херој, нашата нова спортска икона. Тој заедно со својот стручен штаб и сите членови на неговиот таеквондо клуб Бутел, дојде на плоштадот каде беше пречекан како херој.

Имаше и убава и пригодна манифестација на која имаше и многу народ. Тука беа оние кои го сакаат спортот и успесите на нашите спортисти.

Дејане, од Париз 2024 година те чекаме со златен медал.

Тоа беше желбата на сите оние вечерва му се заблагодарија на Дејан со своето присуство на дочекот на плоштадот во Скопје.

ПретходноЛацио e фаворит за потписот на Грималдо од Бенфика
СледноАлпај Јусуф е второто засилување за Пелистер!