Тиквеш ги потврди Каракамишев и Идризовиќ, “генералката“ со Детонит!

886

Како што најави Спортмедиа, Ристе Каракамишев и Мирза Идризовиќ и официјално се нови фудбалери на Тиквеш. Тиквеш потпиша договори и со двајцата, останува сега само уште промоцијата. Каракамишев е стопер, а Идризовиќ е офанзивен бек.

Инаку во недела, на Градскиот стадион во Кавадарци, Тиквеш против Детонит ќе ја има “генералката“ во пресрет на новата сезона во ПМФЛ.

Да споменеме дека по пауза од 17 години, Тиквеш одново ќе игра во нашата елитна лига.

ПретходноШкендија во тотална офанзива: Со Ибраими, Дориев, Нафиу и Хебај во нападот!
СледноГо избришал семејното фото на позадината на мобилниот и го заменил со тоа каде што е со Меси!