Хрватска за прв пат ќе освои злато во тенис на Олимпијадите

1518

Неочекуван расплет на машкиот тениски турнир во парови на Олимписките игри. Во финалето ќе играат Хрвати што значи дека Хрватска ќе освои златен и сребрен медал без разлика на конечниот исход.

Марин Чилиќ и Иван Додиг го совладаа Даниел/Венус со 6:2 и 6:2 во полуфиналето, а во другото полуфинале нивните сонародници Никола Мектиќ и Мате Павиќ беа подобри од американската двојка Крајичек/Сандгрен со 6:4 и 6:4.

Финалето во парови е утре, кога е и мечот за бронзениот медал помеѓу Даниел/Венус и Крајичек/Сандгрен.

Тоа значи дека Хрватска за прв пат во историјата ќе освои злато на тениски турнир на Олимписките игри.

ПретходноШкупи на полноќ пристигна на Сао Мигел, остров среде Атлантскиот океан!
СледноБенчиќ ќе се бори за злато на Олимпијадата