Шкендија во тотална офанзива: Со Ибраими, Дориев, Нафиу и Хебај во нападот!

209

На нешто помалку од час и половина од стартот на реванш мечот на Шкендија и Риога, познати се стартните состави.

Се чини дека нашиот првак нема премногу да се мисли. Уште од првиот свиреж на познатиот судија Фабио Мареска, ќе тргне со сите сили во напад. Токму затоа тренерот Ѓока во стартниот состав стави дури четворица класични напаѓачи.

Тоа се Ибраими, Дориев, Хебај и Нафиу.

Формацијата ќе се биде 4-4-2.

Захов е на голот, во дефанзивата се Мурати, Кривак, Бејтулаи и Павич, во средниот ред Алими, Чака, а лево и десно Нафиу и Дориев, и во самиот шпиц Хебај и Ибраими.

Да потсетиме натпреварот се игра од 20 часот на Националната Арена „Тодор Проески“. На првиот меч во Летонија составот на Рига победи со 2:0.

Победникот од овој двомеч во третата квалификациска рунда во Конференциската лига се среќава со Хибернијанс од Малта.

Мечевите се закажани за 5 и 12 август.

ПретходноАтанасковски стрелец во пенал серијата за Шахјтор Караганди за пласман понатаму!
СледноТиквеш ги потврди Каракамишев и Идризовиќ, “генералката“ со Детонит!