Шкендија сака, Шкендија може…време е да покаже зошто е шампион!

315

 

Вечерва од 20 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија ја дочекува летонската Рига во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Во Рига беше 2:0 за Летонците, токму затоа на Шкендија ќе и биде многу тешко да ја мине оваа пречка и да се најде во следното коло во двомеч против Хибернијанс од Малта.

Не дека тие 0:2 се ненадоместливи, туку поради фактот дека момците на стратегот Ернест Ѓока во претходните три меча во Европа, двата со Мура и едниот со Рига, покажаа дека заборавиле како се постигнуваат голови. Точно 270 минути без постигнат гол. Нешто што во минатото на оваа Шкендија не можеше да и се случи.

Сепак вечерва Шкендија сака, Шкендија може. Да, таа Рига е сосема добра екипа, но тетовци конечно мора да покажат зошто се шампиони на Македонија. Зошто, еве веќе неколку години наназад, со право се вели за нив дека се гигант во мак – фудбалот.

Ибраими, Дориев, Нафиу, Елези, Хебај, Игор и останатите напаѓачи на Шкендија конечно треба да почнат да даваат голови.

Вечерва Шкендија игра за себе, игра да го врати своето достоинство, но игра и за мак-фудбалот.

На крај секако  дека игра и за многу, многу пари. Ако и тоа не им е мотивација на момците во црвено – црно, тогаш…

 

ФОТО: fcriga facebook

ПретходноМОК со награда за Дејан Георгиевски, плус месечна стипендија до следните Олимписки игри
СледноШукер повеќе не е претседател на ХНС, Кустиќ на негово место