Шпанија ја победи Аргентина и се пласира во четвртфиналето!

86

Кошаркарите на Шпанија со 81-71 (20-25, 20-9,21-19, 20-18) успеаја да ја совладаат реномираната селекција на Аргентина и со тоа да остварат пласман во нокаут фазата на ОИ во Токио. Ова беше нивни втор триумф во вториот меч на кошаркарскиот турнир на Олимпјадата.

Најефикасен кај победничката екипа беше Рубио со 26 поени, додека кај Аргентина кошаркарот Лапровитола постигна 27 а Скола 26 поени.

Во последното коло од оваа група силите ќе ги одмерат Словенија и Шпанија, по што ќе се знае и победникот во групата Ц.

ПретходноЛавот Дејан го донесе среброто во Скопје!
СледноГеоргиевски на приемот во АМС: Тргнав по злато, стигнав до сребро!