Давор Шукер повеќе не е претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз. Денеска на одржаното собрание, делегатите го изгласаа предлогот, и на негово место ќе биде поставен Маријан Кустиќ кој и досега обавуваше многу високи функции во фудбалскиот сојуз.
Шукер беше претседател на ХНС девет години, а заминува на пола мандат. Мустиќ беше единствен кандидат за нов претседател, а Шукер не ни можеше да се кандидира повторно затоа што немаше подршка од ниту еден општински сојуз.