18 атлетичари добија забрани за настап на ОИ, дури 10 се од Нигерија

194

Шансите за Нигерија да освои медал на Олимписките игри во Токио се намалија откако дури 10 атлетичари/атлетичарки добија забрана за настап. Вкупно 18 атлетичари добија забрани за настап на ОИ.

Десетмината Нигеријци добиле суспензија за прекршување на правилото 15 зашто немале минимум на тестови што се бараат во пресрет на едно големо натпреварување. Според отсекот за интегритет формиран од Светската атлетска федерација, секој атлетичар од категорија А мора да оди на три тестирања, кои би биле направени најмалку во три неделно растојание и тоа во десетмесечен период пред настап на едно големо натпреварување.

Меѓу суспендираните се Рут Усоро, Фејвор Офили и Чиома Онјеквере.

Од истите причини тројца атлетичари од Украина, тројца од Белорусија и по еден од Мароко и Етиопија добија забрана за трчање во Токио.

Сепак, Нигерија ќе има адути на ОИ. На пример Тоби Амусан е на списокот на учеснички во трката 100 метри со препреки, потоа бронзената од СП во Доха Еса Бруме ќе се натпреварува во скок во далечина…

Атлетиката на ОИ стартува на 30 јули.

 

ПретходноДрагиќ и Дончиќ ги предводеа Словенците до четвртфинале на ОИ
СледноХоландски репрезентативец го засили Галатасарај