Паднаа три олимписки рекорди во пливање, Дресел фантастичен на 100 метри слободно

262

Американецот Кејлеб Дресел и Австралиецот Ајзак Стаблaти-Кук се новите олимписки шампиони во пливање на 100 метри слободен стил односно на 200 метри градно во машка конкуренција.

24-годишниот Дресел триумфираше во финалето со олимписки рекорд 47.02 секунди подобрувајќи го за 3 стотинки претходниот рекорд на Имон Саливен од Австралија што го постави во Пекинг 2008. Ова е второ злато за Американецот по триумфот во штафетата на САД на 4х100 метри слободен стил.

Среброто остана за олимпискиот шампион од Рио 2016, Кајл Чалмерс од Австралија со време од 47.08 секунди. За него ова е трет медал на ОИ во Токио по бронзените одличја во штафетите на Австралија на 4х100 и на 4х200 метри слободен стил. Бронзата е на градите на најбрзиот во полуфиналињата Климент Колесников од Русија со време од 47.44 секунди.

Ајзак Стаблaти-Кук беше најбрз на 200 метри градно со нов олимписки рекорд. Неговото време е 2:06.38 подобрувајќи го претходното постигнување на Ипеј Утанабе од Игрите во Рио за 84 стотинки. Среброто му припадна на Холанѓанецот Арно Каминга, а бронзата за Финецот Мати Матсон.

Американскиот пливач Роберт Финк е освојувач на златото на 800 метри слободно. 21-годишниот Финк трката ја заврши со време од 7:41.87 минути, пред Италијанецот Пантринијери и Украинецот Романчук.

ЖЕНГ РЕКОРДЕРКА ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА

Кинеската пливачка Јуфеј Жанг освои злато со нов олимписки рекорд на 200 метри пеперутка со време од 2:03.86 минути. Американките беа зад неа. Реган Смит е сребрена, а Хали Фликингер бронзена.

Во трката 4х200 метри слободен стил во женска конкуренција триумфираше Кина, пред САД и Австралија.

ПретходноСолскјер на слатки маки
СледноСветскиот шампион во сток со стап нема да атакува на медал – позитивен е на Ковид-19