Лацио e фаворит за потписот на Грималдо од Бенфика

389

Тимот на Лацио изминатите неколку дена напорно работи за трансфер на Алехандро Грималдо од Бенфика. 25-годишниот шпански лев бек има ослободителна клаузула во договорот со „орлите“ од Лисабон во вредност од 60 милиони евра, но Бенфика во моментов се соочува со финансиски и правни проблеми, бидејќи поранешниот претседател на португалскиот гигант Луис Филипе Виеира беше уапсен за даночна истрага измама и перење пари. Па така се очекува да прифати и далеку помала сум за Грималдо.

Интерес за Грималдо има и од други клубови, но според Диарио АС и Рекорд, Лацио се уште е фаворит за потписот на играчот. Барселона и Атлетико Мадрид се фокусираа на други трансфер цели.

 

ПретходноВајли: Да ја однесеме Македонија во светските квалификации
СледноПлоштадот беше „обоен“ во црвено и жолто… за Дејан! (ФОТОГАЛЕРИЈА)