Лига на конференции: Рамадан со Приштина оди понатаму, Ристевски и Здраковски подобри од Адили

323

Неколку екипи во кои играат наши фудбалери или се водени од наши тренери, пројдоа вечерва во Лигата на Конференции.

Приштина предводена од Зекирија Рамадан, го мина тимот на Конах’с од Велс. И покрај поразот од 4:2, сепак, косовскиот тим помина понатаму благодарение на победата од 4:1 во првиот меч.

Кире Ристевски и Давор Здравковски со АЕЛ Лимасол, беа подобри од Теута и во вториот меч. Кипарскиот тим победи со 0:1, а за домашните играше Мевљан Адили, додека го немаше во составот Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Партизани Тирана со Александар Дамчевски и Филип Глигоров во составот, загуби на домашен терен од Базел со 0:2, и со вкупни 0:5 е елиминиран од Лигата на конференции.

Цуцули и Симоновски беа на праг на изненадување против Феенорд, но примија гол во 90. минута за пораз од 3:2 и елиминација.

Понатаму оди и Жилина за која игра Енис Фазлагиќ. Фазлагиќ го одигра целиот меч во ремито 2:2 против Аполон, но благодарение на победата во првиот меч, оди во следната фаза.

Во следната фаза оди и Стефан Јевтоски со Ујпешт кој го елиминираше тимот на Вадуц. Јевтоски влезе во финишот од мечот. И Зени Хусмани со Домжале обезбеди пласман во следната фаза, благодарение на победата над Хонка од Финска.

Јани Атанасов влезе во игра во 112 минута од мечот против Тобол, во кој неговиот тим доживеа срамна елиминација по продолженијата, иако по првиот меч имаше предност од два гола.

Дарко Мицевски остана на клупата на РФС која го елиминираше тимот на Пушкаш Академија од Унгарија.

ПретходноКаква бламажа на Шкендија: Четири меча, четири порази со гол разлика 0:9!
СледноШкупи и покрај поразот не разочара на Азорските острови! (ВИДЕО)