МОК со награда за Дејан Георгиевски, плус месечна стипендија до следните Олимписки игри

630

Големиот успех на нашиот претставник во таекводно на тековните Олимписки игри во Токио и освојувањето на сребрениот медал, ги поттикна надлеѓните институции соодветно да го наградат медалистот. МОК денеска објави дека за Георгиевски е обесбедена еднократна награда, како и месечна стипендија која ќе трае до следните Олимписки игри.

„Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно“ – се вели во соопштението на МОК.

 

ПретходноНорвешка пресилна за Црна Гора
СледноШкендија сака, Шкендија може…време е да покаже зошто е шампион!