Турскиот Галатасарај го обезбеди петтото засилување ова лето. Нов член на клубот од Истанбул е холандскиот репрезентативец Патрик ван Анхолт кој дојде од Кристал Палас како слободен фудбалер. Левиот бек стави потпис на договор до 30 јуни 2024 година.
Се работи за холандски репрезентативец кој има 19 настапи за репрезентацијата, а е дете на ПСВ и на Челзи. Во лондонскиот тим не се снајде па играше како позајмен во Ковентри, Њукасл, Лестер, Виган, во Витесе, а во 2014 година потпиша постојан дововор со Сандерленд. Три години подоцна премина во Кристал Палас.
Неговото потекло е од Курасао затоа што родителите му се од таму, а тој е роден во Холандија па настапува за оваа земја.Беше дел од националниот тим на ЕУРО 2020.
Галатасарај претходно ги донесе Алпаслан Озтурк од Касимпаша, десниот бек Саша Беј од Рен, левото крило Барис Јилмас и офанзивниот играч за врска Александру Кикалдау од Универзитат Крајова.