Венгер на клупата на Швајцарија!?

149

По ангажманот на Владимир Петковиќ на клупата на Бордо, Швајцарија остана без селектор, но според некои информации се подготвува изненадување.

Имено, одредени швајцарски медиуми пласираа информација дека на испразнетата клупа би можел да седне легендарниот Арсен Венгер.

Французинот е без работа веќе долго време откако си замина од Арсенал. До сега Венгер се споменуваше за многу клубови, меѓутоа засега тој нема работа како тренер или селектор.

ПретходноБекали не ја простува елиминацијата на Стеауа – двајца играчи добија откази!
СледноОИ – ракомет: Франција ја „згази“ бледата Шпанија, прва победа за Бразил