Леонард Жута и официјално има нов клуб. Левиот бек е нов член на тимот на Валеренга од Норвешка, со што дефанзивецот се враќа во Скандинавија.
Тој изминатиот период беше дел од тимот на Лече, но од таму и тој како и Бобан Николов летово си заминуваат.
Жута е екс Македонски младински но и сениорски репрезентативец кој го загуби овој статус, во мандатот на Игор Ангеловски.
Настапуваше уште и за екипите на Хакен, Ријека и Коњаспор.