За Ноле нема злато ни во мешани двојки: „Се чувствувам ужасно“

430

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да брка златен медал на Олимписките игри ни во сингл, ни во мешани парови затоа што и во двата случаи е елиминиран во полуфиналето. Прво Ноле изгуби од Александар Зверев во сингл иако водеше со 6:1 и 3:2, а потоа во тандем со Нина Стојановиќ изгубија од руската комбинација Елена Веснина/Аслан Карачев со 7:6(4) и 7:5.

Новак и Нина ќе играат за бронза против австралиските тенисери Ешли Барти и Џон Пирс.

Ужасно се чувствувам. Тоа е спортот. Зверев играше подобро, морам да му честитам на пресвртот. Многу добро сервираше. Тој го крена сервисот, а мојот драстично опадна – а кога поведов со 3:2 во вториот сет, не добивав лесни поени. Играта ми се распадна, мислам дека доби осум генови. Застанав, му дозволив да нападне… Во Токио не дојдов свеж, но бев мотивиран и со желба да донесам медал за својата земја. За жал не успеав“, изјави Новак.

Во сингл конкуренција Ѓоковиќ го очекува дуел за бронзен медал против Карено Буста од Шпанија.

ПретходноЈапонија за прв пат собра 17 златни медали на едни Олимписки игри!
СледноЛУДО – Сити со понуда од 100 милиони фунти за Џек Грилиш!