Александар Зверев ќе игра во финалето од олимпискиот тениски турнир откако денеска во полуфиналето сензационално го победи првиот фаворит Новак Ѓоковиќ.
Германецот сега ќе се сретне со Карен Качанов, а во пост меч интервјуто буквално се расплака од среќа но и му се извини на Ѓоковиќ.
„Ти си еден од најдобрите на сите времиња, извини поради ова“ – низ солзи кажа Зверев.
Ѓоковиќ ја пропушта со ова историската шанса во една година да биде освојувач на сите Гренд Слем титули но и на Олимпискиот златен медал.