Кој си знае, си знае. Па така и Бојан Миовски, македонскиот интернационалец во дресот на МТК. Тој вечерва, во рамките на првото коло во новата сезона во елитната лига во Унгарија, постигна прекрасен гол за својот тим на гостувањето кај Гирмот. Во 27.минута домшните поведоа со автоголот на Фереира, за да Миовски во 54.минута стрелаше за конечни 1:1.
Миовски со овој гол потврди дека неговата форма и натаму е на високо ниво и дека има намера да биде уште подобар од минатата сезона кога исто така “тресеше“ за МТК.