Навивачите на Шкендија бараат смена на Ѓока и заминување на неколку играчи!

3335

Навивачите на Шкендија „Балисти“, преку социјалните мрежи го искажаа својот револт од настапите на тимот во Европа.

Шкендија без ниту една победа, со четири порази и без даден гол се прости од Европа. Најпрво во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите против Мура, а потоа и во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции против Рига.

„Реагираме сега после настапот на нашиот тим во Европа. Резултатите не се толку важни колку што е важна играта и настапот под водство на Ѓока. Ова е недозволиво и бараме заминување на Ѓока. Но, барањата не се само до Ѓока, туку и до играчите. Оние кои покажаа дека не го заслужуваат „црвено-црниот“ дрес. Ако треба во идните денови ќе ги објавиме имињата на играчите, и ако не заминат, тогаш ние најавуваме бојкот“, се вели меѓудругото во соопштението на „Балистите“.

ПретходноНавико Академија ФМП трет македонски тим кој ќе учествува во БИБЛ
СледноПливање: Шенмејкер до златото со светски рекорд