На ракометниот турнир денеска едно мало изненадување. Египетскиот национален тим предводен од екс вардаровиот тренер Роберт Гарсија Парондо, ја совлада фаворизираната Шведска.
Меѓутоа уште во првиот ден Египет покажа дека е зрел за победа, а најголемата предност ја имаше на стартот од вториот дел, за на крај конечна победа од 22:27.
Голманот Хандави, кој бранеше за Е. Пелистер имаше блескава партија со 16 одбрани, додека најефикасен беше Санад со шест гола. Кај поразениот тим Пелас постигна седум погодоци.