Младиот фудбалер на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд стави потпис на нов, долгорочен договор со клубот од Енфилд. Тој се обврза на верност до 30 јуни 2025 година.
22-годишниот англиски репрезентативец потекнува од академијата на Ливерпул, а дебитираше за првиот тим во мечот со Тотенхем во Лига купот во октомври 2016 година. Досега овој фудбалер одигра 179 натпревари и постигна 10 премиерлигашки голови освојувајќи ги трофеите во Премиер лигата, ЛШ, Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот.
„Горд сум. Целта ми беше да останам во Ливерпул и тоа се случи. Клубот ми верува, јас сум среќен и работите се поклопија“, изјави Александар-Арнолд.