Женската фудбалска репрезентација на САД предводена од селекторот Влатко Андоновски е полуфиналист на Олимпискиот турнир во Токио.
Предмалку Андоновски и неговите избранички по голема битка и на пенали беа подобри од Холандија откако регуларниот дел од мечот заврпи 2:2. Да биде трагедијата за Холанѓанките уште поголема, тие промашија пенал и во регуларниот дел со што многу веројатно и ќе го добиеја мечот.
Сега САД во полуфиналето ќе се сретне со репрезентацијата на Канада.