Барселона, Јувентус и Реал Мадрид испратија соопштение до јавноста дека немаат намера да се откажат од идејата за создавање на фудбалска Суперлига.
За разлика од другите, овие три клубови не се откажаа од идејата за Суперлигата, иако УЕФА им се закани дека ќе ги избрка од Лигата на шампионите, во меѓувреме Судот во Мадрид ја одби можноста УЕФА да ги казни клубовите кои сакаат да ја формираат Суперлигата што значи дека тие ќе го продолжат проектот.
„Задоволни сме што Судот во Мадрид потврди дека УЕФА не може да изрече казни за клубовите кои сакаат да играат во Суперлигата. Ние сме должни да продолжиме да работиме на развојот на проектот за Суперлига“, соопштија клубовите.
Инаку претходно англиските клубови Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Арсенал и Челси се повлекоа исто како и Милан и Интер и Атлетико Мадрид.