Бекали не ја простува елиминацијата на Стеауа – двајца играчи добија откази!

459

Стеауа Букурешт (сегашна ФЦСБ) беше елиминирана во 2. квалификациско коло од Лигата на Конференции од Шахтјор Караганди.

Романскиот тим победи во првиот меч 1:0, а вчера загуби 2:1, па по пеналите беше елиминиран.

Затоа кај газдата Џиџи Бекали нема простување, па веднаш се откажа од двајца играчи. Бекали најавил дека од денеска членови на клубот не се повеќе Стипе Вучур и Зденек Ондрашек.

„Вучур и Ондрашек се веќе поранешни за нашиот клуб. Добиваат отказ“, најавил Бекали.

ПретходноСедлоски на пресот: Задоволен сум од настапот на мојот тим и покрај грешките за двата гола!
СледноВенгер на клупата на Швајцарија!?