Влатко Стојановски бил голема трансферна желба на Горица, тим од елитната лига во Хрватска. Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, раководството на овој клуб било силно заинтересирано да го доведе во своите редови македонскиот репрезентативен напаѓач.
Е, сега, дали ќе се остварат овие желби на Горица останува да се види, посебно ако се знае дека тој ова лето се врати во Ним, откако беше пратен на позајмица во Шамбли.
Инаку Стојановски ако веќе замине во Горица, тоа значи дека тој ќе се врати во Хрватска по пауза од пет години. Имено тој во 2016 година направи трансфер од Металург во РНК Сплит, но потоа беше праќан на позајмица во неколку помали хрватски клубови и реално не успеа да се наметне.
Сепак сега се некои нови времиња и Стојановски би требало да биде големо засилување за Горица, се разбира ако успее овој трансфер.