Екс-фудбалер на Баерн, Рома и Јувентус потпиша за турски Карагумрук

443

Турскиот суперлигаш Карагумрук има нов централен бек, а тоа е искусниот марокански фудбалер Мехди Бенатиа. Поранешниот фудбалер на Рома, Баерн Минхен и на Јувентус стави потпис со клубот кој минатата година се врати во Суперлигата после пауза од 36 години.

Бенатиа изминатите две сезони беше член на Ал Духеил од Катар, а сега се враќа во Европа и прв пат во Турција. Екс-мароканскиот репрезентативец е седмо засилување за Карагумрук ова лето. За овој клуб играат Ахмед Муса, поранешниот фудбалер на ЦСКА Москва и на Лестер, потоа италијанскиот голман Емилијано Вивиано, поранешниот фудбалер на Милан, Лукас Билја, поранешниот играч на Милан и Џенова, Андреа Бертолачи, екс-напаѓачот на Црвена Звезда Александар Пешиќ…

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го претстави третото најскапо засилување во историјата
СледноАпсурд – Ставени во изолација, но можат да тренираат и да играат натпревари