Лејкерси прават „дрим-тим“: На Леброн му се приклучува Вестбрук!

184

Расел Вестбрук со емотивно писмо се прости од навивачите на Вашингтон, и негова следна дестинација ќе биде ЛА Лејкерс.

„Благодарам Вашингтон. Од првиот ден бевте фамилија за мене и ме дочекавте со раширени раце. Сите од управата до стручниот штаб, тренерите, соиграчите, навивачите… Благодарам што ми дадовте шанса и ме поддржавте на секој чекор“, напиша Вестбрук на Твитер.

Лејкерси за Вестбрук ги дадоа Кајл Кузма, Монтрезл Харел и Кентавиус Калдвел-Поп со 22-риот пик овогодинешниот драфт.

Вестбрук со Леброн и со Дејвис ќе формира „Дрим Тим“ и после разочраувачката сезона ќе тргнат повторно о прстенот.

Трејдот ќе биде објавен на 6. август. Вестбрук е роден во Лос Анџелес, и ова ќе му биде враќање дома.

 

ПретходноОИ – ракомет: Франција ја „згази“ бледата Шпанија, прва победа за Бразил
СледноНавико Академија ФМП трет македонски тим кој ќе учествува во БИБЛ