ЛУДО – Сити со понуда од 100 милиони фунти за Џек Грилиш!

233

Англискиот шампион и европски вицепрвак Манчестер Сити испратил понуда од 100 милиони фунти за капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, пренесува „Дејли мејл“ и „Телеграф“. Англискиот репрезентативец е главен двигател на работите во Астон Вила, а играше за Англија на ЕУРО 2020 со што го сврте вниманието на челниците на клубот од Манчестер.

Се чини дека оваа одлична понуда ќе ја прифати Астон Вила затоа што клубот од Бирмингем веќе ги контактирал Саутемптон за трансфер на англискиот репрезентативец Џејмс Вард-Провс за кого нудат 25 милиони фунти. Саутемптон ја одби оваа понуда оценувајќи ја премала, а Вила се спрема за втора, подобрена понуда.

Постои и варијанта Сити да плати 90 милиони фунти плус младиот играч Морган Роџерс чија вредност е 10 милиони фунти да замине на „Вила парк“ но за тоа треба да одлучат челниците на клубот од Бирмингем.

Како и да е, транферот од 100 милиони фунти би станал британски рекорд!

 

ПретходноЗа Ноле нема злато ни во мешани двојки: „Се чувствувам ужасно“
СледноРК Пролет се засили со српскиот ракометар Голубовиќ