Како што попладнево пишува „А Бола“, Лука Станковски, бисерот на Работнички би можел набргу да направи трансфер во Брага, во еден од најголемите клубови во Португалија. Откако, како што известува тој медиум, стопиран бил трансферот на Станковски во Монца, тој сега би можел без проблем да замине во Португалија. Интересот од челниците на португалскиот клуб бил голем, не се наведува дали имало и дали започнале преговорите, но се остава доста простор дека овој трансфер е можен, посебно ако се знаело дека челниците на Брага биле доста заинтересирани за услугите на младинскиот репрезентативец на Македонија.