Иако во италијанските медиуми се шпекулираше за преговори на Јувентус за враќање на Миралем Пјаниќ, сепак, веројатно до тоа нема да дојде.
Според новинарот Фабрицио Романо, никакви преговори нема меѓу Јувентус и Пјаниќ, а Јуве го сака само Локатели.
Така Пјаниќ бара излез од Барселона, односно бара клуб каде ќе ја продолжи кариерата со оглед дека не се снајде во каталонскиот клуб.