Борачот Магомедгаџи Нуров е еден од претставниците на Македонија на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и го доби ривалот на стартот на турнирот во борење слободен стил.
Првиот ривал е Александар Хуштин од Белорусија во осминафиналето. Доколку го помине во следната рунда ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Стин од Канада и Коведо од Италија.
Ако нашиот борач стигне до полуфиналето, може да ги одмери силите со големиот фаворит за златниот медал, „рускиот тенк“ Абдулрашид Садулаев.
Борбите на Нуров во категоријата до 97 килограми се на 6 август.