Во машкиот ракометниот турнир на Олимписките игри, во дербито Франција лесно дојде до победата над Шпанија (37:31). Разликата беше направена во првото полувреме, кога Французите стигнаа до +6, а потоа лесно ја одржуваа.
Дека Шпанците „не се со главите“ во натпреварот се виде уште од самиот старт кога Франција направи разлика од 4:0, и потоа лесно ја одржуваше. Во еден миг во вториот дел Франција имаше и +8 (30:22), меѓутоа на крајот го „измешаа“ тимот и Шпанците некако ублажија.
Во дербито на Јужна Америка, Бразил го совлада составот на Аргентина, забележувајќи ја првата победа на Олимписките игри. На крајот триумф на Бразил со 25:23, благодарение на првиот дел кој го добија со 14:7. Во вториот дел Аргентина се обиде да се врати, ама не успеа.
Се одигра и мечот Бахраин – Јапонија, во кој Бахраин славеше со 32:20.