ОФИЦИЈАЛНО: Арсенал го претстави третото најскапо засилување во историјата

594

Сега и официјално. Арсенал го купи Бен Вајт, еден од најперспективните стопери во Премиер лигата. Тој доаѓа од Брајтон, а сумата е тема на расправа. Платен е 60 милиони евра, што е трето најскапо засилување во историјата на Арсенал веднаш зад Никола Пепе и Пјер-Емерик Обамејанг. Зад себе ги остави Парти, Озил, Алексис Санчез…

Бен Вајт ќе добива неделна плата од 100.000 фунти, а потпиша договор на пет години. Ќе го носи дресот со број 4 кој претходно го носеа играчи како Виера и Фабрегас.

„Вајт е многу силен во дефанзива, знае да задржи топка, а карактеристичен е по прецизните додавања“, изјави техничкиот директор на лондонскиот клуб, Еду.

ПретходноРК Пролет се засили со српскиот ракометар Голубовиќ
СледноЕкс-фудбалер на Баерн, Рома и Јувентус потпиша за турски Карагумрук