Пелистерци играа меѓу себе во Маврово – убедлив триумф на „А“ тимот

153
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер го одигра првиот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона, а спаринг партнер беше нивната втора екипа. Б тимот се држеше добро во првото полувреме кога имаше негатива од еден гол (12:13), но во второто полувреме А тимот се загреа и ја наполни мрежата на противникот. На крајот убедливи 30:22.
Најефикасен за првиот тим на Пелистер беше Павлетиќ со 6 гола, а Табоада, Ојлески реализираа по 4 гола.
За вториот тим најефикасен беше Кузмановски со 6 гола, а Ѓукиќ реализираше 4.
Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2     30-22
Спортска сала во Маврово
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски (Скопје)
Еурофарм Пелистер:
Секељи (5 одбрани), Кизиќ (4 одбрани), Ивановски, Радовиќ, Божиќ Павлетиќ 6, Костески 3, Мараш 1, Периќ 5, Табоада 4, Мандалиниќ 2, Обрадовиќ 2, Граџан 2, Маркоски 1, Кушан, Ојлески 4, Маџовски, Кукуловски
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Трајковски (5 одбрани), Б. Ристевски, И. Димитровски 2, Кузманоски 6, Димитриески, Талевски 2, В. Димитровски 1, Арсеновски 1, Стоилевски, Ѓукиќ 4, Буторац, Блажевски. Х. Ристевски, Мирчевски, Андонов, Табакоски 3, Белистојановски, Петковски, Петровиќ 3
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути
ПретходноАпсурд – Ставени во изолација, но можат да тренираат и да играат натпревари
СледноЛука Станковски пред трансфер во Брага!