Ракомет ЛОИ: Парондо со Египет ја изненади Шведска

122

На ракометниот турнир денеска едно мало изненадување. Египетскиот национален тим предводен од екс вардаровиот тренер Роберт Гарсија Парондо, ја совлада фаворизираната Шведска.

Меѓутоа уште во првиот ден Египет покажа дека е зрел за победа, а најголемата предност ја имаше на стартот од вториот дел, за на крај конечна победа од 22:27.

Голманот Хандави, кој бранеше за Е. Пелистер имаше блескава партија со 16 одбрани, додека најефикасен беше Санад со шест гола. Кај поразениот тим Пелас постигна седум погодоци.

ПретходноЛига на Конференции: Јевтоски против Базел, Мицевски против Гент и една „македонска пресметка“
СледноСерафимов и Ѓоргиев нови ракометари на Алкалоид