Репрезентативецот на Етиопија, Селемон Барега е освојувач на златниот медал на трката на 10.000 метри на Олимписките игри во Токио со што и официјално се отвори атлетската програма на овие игри.
Тој го изненади големиот фаворит во оваа конкуренција и актуелен светски шампион и рекордер Џошуа Чептегели од Уганда,а трет заврши неговиот сонародник Џејкоб Киплимо.
Барега одлично финишираше во последните стотина метри направи неколку метри предност, што беше недостижна за конкурентот.