Струга ТЛ со успешна “генералка“, триумф над Малишева

357

Попладнево во Струга, фудбалерите на Струга Трим Лум во пријателски натпревар ја победија косовска Малишева со 2:1. Всушност ова беше нивна “генералка“ во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, која стартува како што е познато следниот викенд, на 7/8 август.

Да кажеме дека на денешниот меч момците на стратегот Сршан Захариевски биле подобар противник, создале повеќе шанси од кои реализирале само две. Босанчиќ од пенал донел водство од 1:0 за стружани, а Скендери зголемил на 2:0. До крајот на средбата гостите од Косово успеале само да го ублажат поразот за конечни 2:1.

ПретходноБарса, Јуве и Реал ja победиja УЕФА и го продолжуваат проектот за Суперлигата
СледноАкадемија Пандев ја “наполни“ мрежата на Пирин!