Јапонија за прв пат собра 17 златни медали на едни Олимписки игри!

156

Јапонија за прв пат во историјата на Олимписките игри собра 17 златни медали. Заклучно со денешниот ден (30 јули 2021), Јапонија на Олимписките игри што таа ги организира во Токио стигна до 17 златни одличја со што за еден златен медал е подобрен претходниот рекорд остварен во Токио 1964 и Атина 2004 година.

До сега Јапонија освоија девет златни медали во џудо, по два во скејтборд и пливање, по еден во спортска гимнастика, мечување, софтбол и пинг-понг.

Севкупно гледано јапонските спортисти се на второто место во класификацијата за медали, а имаат уште четири сребрени и седум бронзени одличја.

Првото место го држи Кина со 18 златни, 9 сребрени и 11 бронзени медали, а трети се САД со 14-16-11.

ПретходноБран од коронавирус во Манчестер Јунајтед, 9 лица се изолирани
СледноЗа Ноле нема злато ни во мешани двојки: „Се чувствувам ужасно“