Вест на денот е дека Џек Грилиш, еден од најдобрите англиски фудбалери, за 100 милиони фунти ќе се пресели од Астон Вила во Манчестер Сити.
И тука нема ништо спорно. Сити е подготвен да издвои виистинско богатство за играчот за врска, но спорно е тоа што некогаш Грилиш кажувал или пишувал на социјалните мрежи, токму за Манчестер Сити.
Новинарите на Островот „ископаа“ нешто во врска со Грилиш што во Манчестер Сити секако дека нема да им се допадне.
„Конечно фудбал. Сакам Јунајтед да победи, а Сити да загуби, не можам да гледам како Сити освојува титула“.
Ова го напишал Грилиш кога имал 16 години и тоа во 2012 година.
Сепак времињата се променија, а ни најмалку 250.000 фунти неделно што треба тој да ги добива од “граѓаните“, не се за фрлање.